
Францускиот репрезентативец во редовите на Јувентус, Кефрен Турам, извршил операција на десното колено, што ќе го остави надвор од терените најмалку до крајот на оваа година.
Операцијата, која утрово ја изврши д-р Бертран Сонери-Коте во присуство на медицинскиот директор на клубот, д-р Лука Стефанини во болницата „Жан Мермоз“ во Лион, помина добро и играчот ќе започне со рехабилитација в петок“, објави Јувентус.
Клубот не соопшти колку долго Турам ќе биде надвор од терените. Според „Газета дело Спорт“ и „Скај Спорт Италија“, Турам ќе отсуствува од тимот најмалку четири месеци.
Поради проблеми со коленото, 25-годишниот Турам сè уште нема настап оваа сезона за Јувентус кој стартуваше во Серија А со две победи, а в недела ќе се соочи со Милан во третото коло од италијанското првенство.

Македонски


