Skip to main content

Национален парк Шар Планина: Изнесена е и последната цевка од Лешничката долина

НП Шар Планина

Националниот парк Шар Планина информира дека и последната цевка е изнесена од месноста Лешница каде требаше да се градат хидроцентрали. На 28 јули годинава информираа дека е почнато дислоцирањето на цевките од месноста кон Попова Шапка. 

-Она што особено нè радува е што активностите не завршија само со отстранување на цевките кои со години беа депонирани во долината. Беа откопани и веќе закопаните цевки и целосно изнесени од подрачјето. Денес на трасата нема преостаната цевководна инфраструктура ниту над, ниту под земја, соопшти денес НП Шар Планина. 

Според нив ова е значаен чекор кон враќање на Лешничката Долина во состојба што е можно поблиска до природната и резултат на подолг институционален процес и координација со надлежните државни институции.

-Лешница е едно од природно највредните и најпрепознатливите подрачја на Националниот парк, дел од идните Натура 2000 подрачја и Емералд мрежата, и нејзината заштита е од исклучително значење, Цевките се изнесени. Следува обновата на просторот и конечното институционално затворање на проектите, велат од Националниот парк. 

Цевките беа оставени на паркингот на Попова Шапка, но потоа и од таму се однесени на предвидени места. 

Поврзани вести