Skip to main content

Во Вавилон знаеле за „Питагоровата теорема“ 1.200 години пред Питагора

Испитувањата на плочките од Древен Вавилон сѐ повеќе го потврдуваат сознанието дека Питагоровата теорема им била позната на древните семитски математичари и повеќе од 1.000 години пред времето кога живеел познатиот антички математичар.

Питагоровата теорема A² + B² = C² којашто важи за трите страни на кој било правоаголен триаголник, е можеби најпознатата теорема во математиката и четвртата најмоќна во практичната употреба. Равенката е именувана по Питагора, кој живеел пред околу 2500 години, потсетува порталот „ИФЛ Сајенс“ (IFL Science).

Сепак, плочки најдени кај Вавилон, датирани околу 1770 година п.н.е., докажуваат дека Питагора не го поставил прв прашањето. Математичарот Брус Ратнер смета дека тој заклучок е неизбежен.

Вавилонците ја знаеле врската меѓу должината на дијагоналата на квадрат (со страна долга една мерна единица, б.п.), и неговата висина, т.е. d (дијагоналата) е еднаква на квадратен корен од 2 (мерни единици, б.п.). Ова е веројатно и првиот број за којшто се знаело дека е ирационален“, вели Ратнер.

Според математичарот, тоа значи дека Питагоровата теорема е докажана над 1.200 години пред големиот старогрчки филозоф да рамислува за тоа.