Skip to main content

Јувентус не го победи ни Лече

Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота ги сумираше впечатоците од натпреварот од 14. коло на италијанското фудбалско првенство против Лече (1:1).

На голот на Андреа Камбијасо, домаќините одговорија со прецизен удар на Анте Ребиќ во 90+3. минута.

Игравме добро во првото полувреме, но во второто намаливмесо интензитетот. Лече почна да ја презема контролата и иако добро се браневме, направивме грешки кои можеше да се избегнат. На вакви натпревари мораме да научиме како подобро да се справуваме со одредени ситуации. Работиме на подобрување на нашата игра пред следниот натпревар, изјави Мота на официјалната веб-страница на клубот од Торино.