Skip to main content

Интер одби 50 милиони евра од Челзи за Бастони

Facebook - Alessandro Bastoni / Inter
Facebook - Alessandro Bastoni / Inter

Калчолигашот Интер одби да го продаде дефанзивецот Алесандро Бастони на лондонски Челзи, објави весникот „Ла Газета дело Спорт“.

Според истиот извор, премиерлигашот понудил 50 милиони евра за услугите на 26-годишниот италијански репрезентативец.

Бастони минатата сезона одигра 57 натпревари, постигнувајќи два гола, а и имаше шест асистенции.

Италијанскиот репрезентативец се поврзуваше и со трансфер во Барселона, но шпанскиот првак се повлече од преговорите со Интер поради високата цена поставена за Бастони.

Поврзани вести