Skip to main content

Има ли сили ранетиот Реал против Барса?

 Во она што се чини дека ќе биде неговото последно „Ел Класико“, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е убеден дека неговите играчи имаат сила да ја надминат Барселона на „Монжуик“. 

Во недела попладне (16:15 часот), „Белите“ ќе се обидат да ја намалат разликата во однос на лидерот и да ги оживеат шансите за титулата во Ла Лига. 

Сепак, „кралевите“ губат, барем психолошки, откако ги загубија сите три дуели со Каталонците досега оваа сезона.

На констатцијата на новинар дека домаќинот е фаворит, Италијанецот сподели поинакво мислење.

Фото Х/Карло Анчелоти

– Играњето против Барселона е нешто посебно, но не би рекол дека противникот е фаворит. Уверени сме дека можеме да победиме. Сите наши натпревари против Барселона досега беа комплицирани, но оној за Купот на Шпанија беше најмалку комплициран. Мораме добро да се браниме бидејќи играчите на Барселона го блокираат противникот на својата половина. Но, нема совршени тимови. Имаме доверба дека можеме да ги надминеме, изјави Анчелоти на прес-конференцијата пред мечот.

Поврзани вести