
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави денеска дека мора да се „грижи“ за своите играчи „како што таткото и мајката се грижат за своите деца“, во период кога неговиот тим минува низ исклучително згуснат распоред на натпревари.
Минатата недела, Сити ги победи Манчестер Јунајтед и Наполи, а во неделата на „Емирати“ прими гол во судиското продолжение и одигра 1:1 со Арсенал. В среда, Сити го очекува натпревар од третото коло од Лига Купот против Хадерсфилд, а списокот на повредени играчи станува сè подолг.
„Прво доаѓа духот што го покажавме оваа недела и на тоа мора да се грижиме како што родителите се грижат за своите деца. Ќе бидеме стабилни и, чекор по чекор како што ќе се враќаат повредените, ќе научиме што можеме да направиме подобро“, рече Гвардиола