Skip to main content

Гвардиола не се откажува од титулата

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ја коментираше победата над Астон вила во 34. коло од Премиер лигата.

Натпреварот се одигра синоќа и заврши со резултат 2:1 во корист на граѓаните. 

Сити ја обезбеди победата во 90+4. минута од натпреварот благодарение на голот на Матеус Нунес.

– Многу сум среќен. Ни претстојат последните четири натпревари од сезоната и се бориме за Лигата на шампионите. Ако победиме во следните четири натпревари, тогаш најважното прашање ќе биде решено за нас. Не е потребна генијалност за да сфатиме дека Сити играше со Астон вила, еден од најдобрите тимови. Ова е извонреден тим, но ние настапивме со истата посветеност како до сега, рече Гвардиола по натпреварот.

Манчестер сити има 61 бод и се наоѓа на третото место на табелата во англиската Премиер лига.

Следниот премиерлигашки натпревар на Сити е во петок на 2 мај против Вулверхемптон.

Поврзани вести