Skip to main content

Гледач со маица на поранешното иранско знаме влезе на теренот во Лос Анџелес

Обезбедувањето на натпреварот од Светското првенство што вчера се одигрта меѓу Белгија и Иран во Лос Анџелес спречи навивач да упадне на теренот, објави денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
Според фотографиите, маж облечен во маица со поранешното иранско знаме се обидел да влезе на теренот, но бил спречен од обезбедувањето.

Обезбедувањето морало да интервенира и на трибините, но ФИФА не ги разјасни околностите на интервенцијата, туку замоли за дополнителни информации од очевидци.

Учеството на Иран на Светското првенство е во фокусот со недели поради воениот конфликт меѓу САД и Иран.
Иранската фудбалска репрезентација мораше да го пресели својот камп од Аризона во Мексико за време на Светското првенство.

По две кола во Групата Г на Светското првенство, Египет е на врвот со четири бодови. Иран и Белгија имаат по два, а Нов Зеланд еден бод

Поврзани вести