
Шпанскиот прволигаш Жирона со емотивна порака се обрати на македонски јазик, посветувајќи му ја на својот напаѓач, Бојан Миовски, по натпреварот против Лихтенштајн (3-0).
Нашиот најдобар стрелец“, напишаа од шпанскиот клуб, споделувајќи фотографија од Миовски, кој својот погодок не го прослави, туку го посвети на жртвите од трагичниот пожар во Кочани.

Македонската репрезентација го започна квалификацискиот циклус за Светското првенство 2026 со убедлива победа на гостувањето во Вадуц. Нашите фудбалери ја оправдаа фаворитската улога, а Миовски го постигна третиот гол за Македонија, но наместо славење, со гест на солидарност испрати силна порака.