Skip to main content

ФФМ: Апелираме до Гостивар да ги почитува овие моменти на жалост

Гостивар порано денеска излезе со соопштение во кое објави дека ФФМ е запознаена со случувањата на дуелот против Тиквеш, во кој како што велат гостиварци биле отруени со храна.

ФФМ излезе со соопштение по овој повод во кое вели дека во денови на жалост ќе се воздржи од активности кои не се во скалд со почитта што ја искажува во овие тешки моменти.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на ФФМ:

„Фудбалската федерација на Македонија, соодветно на моментот, во денови на жалост, се воздржува од активности кои не се во склад со почитта што ја искажуваме во овие тешки моменти.

Во тој контекст, сакаме да нагласиме дека ФФМ нема да се занимава со одредени интереси на клубови, ниту ќе разменува несоодветни дописи во овој период.

Веруваме дека сите фудбалски клубови имаат разбирање и ќе ги почитуваат овие денови соодветно.

Во таа насока, апелираме до ФК Гостивар да ги почитува овие моменти и своите интереси да ги брани и докажува на зелениот терен, наместо преку дописи и притисоци во јавноста. Посебно, што немаат никаква причина за тоа.

Во вакви моменти, фудбалот и спортот воопшто, треба да обединува, а не да се користи за дневни интереси, особено во денови на жалост.

Веруваме дека заедно ќе покажеме почит и достоинство“, стои во соопштението на Фудбалска федерација на Македонија

Поврзани вести