
Фудбалските прволигаши попладнево одиграа два натпревара од 10.коло. Во Струга беше ефикасно и лидерот на табелата Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот. До три бодови и победа од 4:2 на гостински терен стигна екипата на Брера, која победата ја навести на самиот старт кога за седум минути дојде до водство од 2:0.
На вториот натпревар од денешната програма Работнички и Македонија Ѓорче Петров одиграа без голови 0:0.
На вчера одиграните дуели од оваа рунда: Башкими – Шкупи 4:1 и Тиквеш – Арсими 3:4.
Утре во Кратово Силекс го пречекува Пелистер, додека дербито меѓу Шкендија и Вардар се игра во понеделник во Тетово.

Македонски








