Skip to main content

Директорот на Црвена звезда: Тешко е од неквалитетната српска лига да играте во Лигата на шампиони

Генералниот директор на Црвена звезда, Звездан Терзиќ, изјави дека лошиот квалитет на српското првенство, во кое црвено-белите се многу доминантни, му создава проблем на неговиот клуб во натпреварите од Лигата на шампиони.

Голем проблем е оваа лига, каде што сме многу доминантни и која е многу бавна за она што ни треба. Не е лесно од многу неквалитетно и неинтересно натпреварување да се преселиме во Лигата на шампиони“, изјави Терзиќ.

Тој додаде дека доминантниот настап на Црвена звезда во српската Суперлига не е добар ниту за неговиот клуб, ниту за српскиот фудбал.

Се надевам дека ќе имаме посилни ривали. Мислам дека сме најдоминантниот клуб во сите 55 лиги во Европа. Црвена звезда е најдоминантна во својата лига и тоа е сигурно не е добро ниту за српскиот фудбал, ниту за Црвена звезда“, рече Терзиќ.

Црвена звезда убедливо води во српското првенство со 19 победи и едно реми по 20 кола и има предност од 17 бодови пред второпласираниот Партизан. 

Поврзани вести