Skip to main content

„Црвените ѓаволи“ истрчаа на „Градски“

Белгиската репрезентација ја почустува тревата на „Градски“ пред утрешниот дуел со Македонија.

Селекторот Руди Гарсија ги искажа своите очекувања од мечот со Македонија.

Тој рече дека сите играчи кои се допатувани, се во функција на тимот и ќе бидат подготвени, а го напомена и времето како можен фактор кој би влијаел на крајниот резултат.

„Знаеме дека некои играчи предвреме ја завршија сезона, некои пред три недели, некои тренираа и играа подолго, но сите кои се тука се подготвени да се стават на располагање. Времето може да биде проблематично, тука е топло и влажно, но затоа дојдовме еден ден порано за да се навикнеме“, рече Гарсија.

Поврзани вести