
Македонскиот фудбалски шампион Вардар, вечер од 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје, ќе биде домаќин на Рига од Летонија. Ова ќе биде првиот од двата меѓусебни натпревари во второто квалификациско коло од Лигата на Конференции.
Тренерот на „црвено-црните“ Кристијан Фабијани
Мотивирани влегуваме во дуелот со Рига. Ќе играме да докажеме дека можеме многу подобро од мечот со Купс на домашен терен. Тоа го заслужуваат нашите навивачи. Знаеме колку е важно да завршиме со предност на по првиот меч. За такво нешто треба да одиграме перфектно, изјави Фабијани во пресрет на дуелот со Рига.
Реваншот во Летонија е закажан за 28 јули

Македонски


