
Благоја Милевски не е повеќе селектор на најдобрите македонски фудбалери, откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реши да не му го продолжи договорот. ФФМ на социјалните мрежи соопшти дека нема да го продолжи договорот со селекторот на македонската А репрезентациј чиј мандат заврши на 30 ноември 2025 година.
Милевски ја водеше репрезентацијата повеќе од четири години, од 1 август 2021 година, предводејќи ја на вкупно 48 натпревари. Во тој период беа забележани 18 победи, 14 ремија и 16 порази, а Македонија обезбеди и две бараж-средби за пласман на Светско првенство – еден од најзначајните успеси на националниот тим во последната деценија.
Од ФФМ упатија искрена благодарност до Милевски и неговиот стручен штаб за, како што наведуваат, посветената работа и постигнатите резултати. Од федерацијата истакнуваат дека му посакуваат многу здравје, среќа и успех понатаму – и во кариерата, и во животот.

Македонски






