Skip to main content

Благодарам на Наполи, градот, навивачите и споменот на Диего, рече Кварацхелија на збогувањето

 Фудбалерот на Наполи, Квича Кварацхелија сними проштално видео за навивачите на Наполитанците.

Фудбалерот преку социјални мрежи објави видео во кое го посети стадионот на Наполи и го посети споменикот на Диего Марадона.

– Ова е тешко за мене, но дојде моментот да се збогувам. Се чувствував одлично овде благодарение на секој од вас. Благодарам на Наполи, градот, навивачите и споменот на Диего, рече Квича во видеото.

Претходно беше објавено дека на 17 јануари Кварацхелија ќе потпише договор со ПСЖ и официјално ќе биде претставен како играч на парискиот тим. Според пишувањата на медиумите, 23-годишниот напаѓач ќе се пресели од Наполи во ПСЖ за 70 милиони евра.

Кварацхелија играше за Наполи од летото 2022 година. Вкупно за италијанскиот тим има 30 гола и 29 асистенции на 107 натпревари

Поврзани вести