Еквадорскиот фудбалер Педро Перлаза (33), кој беше киднапиран заедно со пријател минатиот викенд, е ослободен во акција на еквадорската полиција.
Фудбалерот на еквадорскиот прволигаш Делфин беше киднапиран откако се упатил на забава во северозападниот крајбрежен град Есмералдас. Полицијата успеала да ја лоцира куќата во која биле чувани жртвите и да ги ослободи, пренесуваат денеска локалните медиуми.
„По прибирање информации извршени од Единицата за борба против киднапирање и изнуда (УНАСЕ), успеавме да ја лоцираме куќата во руралното подрачје каде што беа приведени жртвите“, соопшти полицијата.
„По судир во кој имаше и размена на оган, ослободивме две жртви на киднапирање и обид за изнуда“, додаде еквадорската полицијата.
Перлаза забележа три настапи за еквадорската репрезентација, а во текот на кариерата настапуваше за голем број еквадорски клубови.
Еквадор бележи зголемување на насилниот криминал во последните години. Само лани беа регистрирани повеќе од 7.000 насилни смртни случаи, што е зголемување од речиси 65% во споредба со 2022 година, според извештаите на Националната полиција