Skip to main content

Aтлетико Мадрид растура во ЛШ

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ги искажа своите впечатоци по триумфот од 5:1 над Ајнтрахт Франкфурт во второто коло од Лигата на шампионите.

– Мислам дека денес одигравме добар натпревар во секој поглед. Бевме ефикасни и во нападот и во одбраната, иако секогаш има простор за подобрување. Нашите навивачи се неверојатни, тие секогаш нè бодрат. Се надевам дека ќе можеме да продолжиме да им се заблагодаруваме со вакви настапи, изјави Симеоне за сајтот на УЕФА.

Атлетико Мадрид е на 8. место на табелата со три бода. Ајнтрахт Франкфурт е на 13. место со три бода.

Во 3. коло, Атлетико Мадрид ќе се соочи со Арсенал (21 октомври), а Ајнтрахт Франкфурт ќе игра против Ливерпул (22 октомври)

Поврзани вести