Skip to main content

Арсими го осови Ѓорче Петров

 Гостински победи извојуваа Струга и Арсими во двата натпревари со кои попладнево беше комплетирано 26. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Фудбалерите на Струга рутински го совладаа последнопласираниот Шкупи со 3-0 со головите на Малески (27, 54) и Рочи (51) и ги задржаа шансите да се вмешаат во трката со Вардар и Шкендија за шампионската титула.

Во дуелот на двете екипи кои се борат за опстанок во прволигашкото друштво, Арсими на гостувањето во Ѓорче Петров ја совлада Македонија ЃП со голот на Јусуфи во 28 минута.

ПМФЛ – 26 коло:

Македонија ЃП – Арсими 0-1

Шкупи – Струга 0-3

Пелистер – Вардар 0-0

Работнички – Шкендија 0-3

Башкими – АП Брера 0-0

Тиквеш – Силекс 0-3

Табела: Вардар 62, Шкендија 61, Струга 56, Силекс 46, Тиквеш 37, Башкими 37, Арсими 32, АП Брера 32, Пелистер 26, Работнички 25, Македонија ЃП 23, Шкупи 1.

Поврзани вести