Skip to main content

За Андреј, Панчо, Сара, Ана, Ѓорѓи, Филип, Александар, Игор, Александар, Мартин, Стево, Горан, Виктор: ИВАП покрена донаторска кампања за 13 колеги загинати или повредени во ужасната трагедија во Кочани

Преку Асоцијацијата на ивент индустрија ИВАП покренавме донаторска кампања за нашите 13 колеги загинати или повредени во ужасната трагедија во Кочани, соопшти Маја Бабиќ, претседател на здружението.

За Андреј, Панчо, Сара, Ана, Ѓорѓи, Филип, Александар, Игор, Александар, Мартин, Стево, Горан, Виктор.

Нашата индустрија е изградена врз тимска работа, доверба и меѓусебна грижа. Време е да покажеме дека стоиме еден покрај друг, не само во моментите на успех, туку и тогаш кога е најтешко.

Во оваа група има музичари, фотограф, тонец, рентал компанија, технички лица. Сите ние ја делиме истата пасија, а тоа е да создадеме магија на сцена.

Дел од нив лично ги познавам. Со Сара и Ана требаше да ги почнеме пробите за Глумците Пеат, со Игор Жути го работевме БЕАМ пред неколку недели, Штеф има рентал компанија и заедно се боревме во короната.

Навистина почувствував дека треба да покажеме заедништво и да не дозволиме да се сами во оваа битка. На нивните деца и семејства сега им треба поддршка.

Свесна сум дека нашата акција е можеби финансиски симболична, но човечки огромна.

Во име на сите колеги од ИВАП, ви благодарам на сите од срце за секое споделување, донација или поддршка!

Поврзани вести