Skip to main content

Владимир Четкар со концерти во Скопје и Будимпешта!

На 1-ви Март, Сабота, Владимир Четкар ќе се претстави пред скопската публика со концерт во Bonobo HI-FI Place во центарот на Скопје со адреса на Железнича 41 пред Diamond Mall.

Веднаш потоа, на 7-ми Март, Петок, Четкар патува во Будимпешта каде ќе оддржи концерт во најпопуларниот џeз клуб во Унгарија, Budapest Jazz Club.

И во Скопје и во Будимпешта Четкар ќе се претстави со комплетно авторска музика од своите 4 студиски албуми а на сцената ќе биде придружуван од некој од најдобрите Македонски и Унгарски музичари.

Неодамна македонскиот музички амбасадор го издаде својот нов студиски албум ‘Let Us Be’ кој ја разбранува светската музичката критика со одлични рецензии од Азија, Европа и Америка .

Поврзани вести