Skip to main content

Свирки и „Фијук саем“ викендов на „Самоиницијатива“ во Куманово

Занаетчискиот дом во Куманово викендов ќе биде домаќин на фестивалот „Самоиницијатива“, кој ќе понуди културна детоксикација преку низа настани со свирки и саем на независни издавачи.

Најпрво, како загревање за официјалниот дел, вечерва е најавен концертот на Џипси Рафина, панк-рок трубадур, родум од Италија кој талка по светот во последните 20 години, свирејќи илјадници концерти низ Европа, Јужна Америка и САД, често свирејќи на места каде што малкумина свират.

„Toj e стар пријател кој во Куманово доаѓа по трет пат, после пауза од 10 години, и сме многу среќни што после толку долго време повторно ќе можеме да го угостиме“, стои во најавата за настапот на Џипси Рафина, кој ќе започне во 19:30 часот во фоајето на Домот на културата.

Во сабота, 14 декември, ќе се случи настанот „КУ-ДЕ?“ – концерти на „Triggered“ и „Беседа“. Свирките ќе започнат од 21 часот во Занаетчискиот дом.

„’Triggered’ е метал бенд од Куманово основан во Јануари 2017. Групата е формирана од поранешните членови на ‘Holocaust’, ‘Victim Yield’, ‘Madara’ и ‘Edge of Eternity’. Моментално работат на материјал со мелодични и дет-треш метал рифови испреплетени со чисти и врескачко-режечки вокали за создавање на навидум хаотични, но суштиснки прецизни песни“, се вели во најавата на „Самоиницијатива“.

Беседа“, пак, е бенд формиран 2020 година во екот на големата пандемија. Самиот поттик за формирање на овој бенд произлезе од желбата за формирање на еден цврст и моќен звук кој ги пробива сите граници на емоционалната страна на секој човек.

„Четири члена кои се борат низ секојдневието со сите можни алатки. Мирослав на бас и вокали, Немања и Гордон на гитари и Андреј на тапани. Спој на psychedelic stoner rock, stoner metal, doom metal елементи кои се зачинети со прогресивни бранови. ‘Беседа’ во изминатите години има одсвирено бројни свирки и фестивали меѓу кои: ‘Mammoth Festival’ (Грција), ‘Downhill Festival’ (Врање), ‘D Fest’ (Дојран) и ‘Лузерфест 2022’ – на кој го освоија првото место и од гласовите на публиката и од резултатите нa судиите“, стои во соопштението.

Недела, 15 декември, е резервирана за „Фијук саем“. Се работи за настан за промоција на независно издаваштво, инициран од колективот Матријаршија од Белград, со цел да се собере на едно место што поголем број на мали издавачи кои се бават со уметничка продукција и издаваштво на книги, фанзини, весници, цртежи, скици, слики, фотографии и музика.

„Целта е нивна промоција, поврзување, вмрежување, и поголема видливост. Истиот се шири во овој формат, и под оваа име и во Хрватска, Шведска и Словенија, со повремени настани кои привлекуваат значителен број на публика, задолжително подржана со музичка програма“, стои во најавата.

Настанот се оддржува во дневна варијанта, со почеток од 13 часот и ќе трае до 18 часот и ќе биде збогатен со настап на Иш И Јас, соло проект на Марко Печеновиќ („Харакири“, „Cut Your Nipple“) кој неодамна го промовираше првенчето „Промаја“. Исто така, на саемот ќе биде поставена изложба на Лусијана Ампева.

Излагачи се Марта Патлиџанковска, Лусиана Ампева, Пркос, Мртов коњ, Корн, Партизанска штампа, Longest Night, Матријаршија, Матеј Богдановски, Јелена Белиќ, Плукни залепи, Здружение Псалтер, Дона Илијевска, Сара Богоева, Јован Гаковски, Тома Димовски. Александар Танчовски, Стефан Алиевиќ, Спознавање, Словокулт, Арт Еквилибриум, Gosi Etc, Q Records, Дејвид Стоилковски, Пондер, Дарко Трајковски.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom