Skip to main content

Oд 20 до 29 август Битола ќе живее во ритамот на С.О.С. Фестивал

Oд 20 до 29 август градот станува музичка престолнина со журки, концерти и урбана атмосфера што ја носи Fresh Union. Фестивалот започнува со посебен музички ритуал среда, на 20 август, во кафе бар „Јагода“ DJ Goce Saf со свој vinyl сет ќе ја отвори атмосферата во духот на вистинскиот битолски урбан вајб.

Два дена подоцна, на 22 август, во „Училница Specialty Coffee“ ќе се одржи урбан afterwork gathering со Street Soul Delight – Тони Зен, DJ Boogiemen и DJ Mawrteen – кои со својата уникатна r’n’b и soul селекција ќе внесат нова енергија во попладневниот битолски ритам.

Електронската сцена ќе добие свој момент на 23 август, кога во клубот „Расчекор“ ќе настапи еден од најпознатите македонски електронски артисти, DJ Галоски, заедно со локалниот фаворит DJ Acika

Поврзани вести