Skip to main content

Никола Перевски и Тамара Тодевска специјални гости на концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ на Антички

Денес, во локалот Харбор во Охрид се одржа средба со новинарите по повод концертот на македонскиот актер, шоумен и музичар Игор Џамбазов и неговите постојани соработници „Гуру Харе бенд“ кој ќе се одржи на „Антички театар“ во Охрид, а е закажан за во сабота, на 19 јули.

На прес конференцијата беа соопштени сите детали за програмата, како и останатите поединости во врска со концертот кој долго се очекува. Како што истакна самиот Џамбазов на истиот како специјални гости ќе се појават неговите пријатели, две македонски музички ѕвезди: Никола Перевски – Пере, лидерот на групата „Нокаут“, како и единствената Тамара Тодевска.

Во програмата планирана е изведба на 24 точки, односно нумери кои ги содржат најголемите хитови на Џамбазов, како: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, “Труба” „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, “Македоникејшн” „Во бестрага“… како и материјалот од новиот албум „Првите триесет“.

Концертот во вид на телевизиски проект ќе го снима МРТВ, а вратите за публиката ќе бидат отворени веќе во 20 часот, додека почетокот е закажан за 21 часот. Џамбазов ги покани сите останати кои во моментов се во Охрид да повелат на овој негов солистички концертен перформанс.

Поврзани вести