Skip to main content

Започнуваат аудициите за „Македонски идол“ – еве каде да се пријавите

Македонската радио-телевизија подготвува освежување на програмската шема со неколку познати меѓународни телевизиски формати. На јавниот сервис ќе се емитуваат музичките шоуа „Х-фактор“ и „Идол“, а првите аудиции низ градовите во Македонија се очекува да започнат во октомври.

Покрај двата музички формати, МРТ ги откупила и правата за популарниот квиз „Пасворд“. Од раководството на јавниот сервис велат дека новите проекти се дел од стратегијата за освежување на програмата, особено во ударниот термин од 17 до 24 часот.

Во тој период се планира воведување нови забавни, едукативни и културни содржини.

Реализацијата на аудициите за „Х-фактор“ и „Идол“ ќе опфати повеќе градови низ Македонија, поради што се предвидени и промени во финансискиот план на МРТ за покривање на патните и продукциските трошоци.

Со воведувањето на овие формати, јавниот сервис најавува поголем акцент на забавната и музичката програма од сопствена продукција.

Поврзани вести