
Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија ќе се се одржи на 1 јануари 2026 година, за прв пат под диригентската палка на маестро Јаник Незе-Сегуин во Златната сала на Музиквераин во Виена.
Меѓународно признатиот канадски диригент Јаник Незе-Сегуин е музички директор на Метрополитен операта во Њујорк од 2018 година, музички директор на Филаделфискиот оркестар од 2012 година и 25 години музички директор и главен диригент на Оркестарот Метрополитен на Монтреал. Од 2008 до 2018 година, тој беше главен диригент на Ротердамската филхармонија, каде што беше назначен за диригент-лауреат. Тој е исто така почесен член на Камерниот оркестар на Европа.
Уметничката соработка помеѓу Јаник Незе-Сегуин и Виенската филхармонија започна на Неделата на Моцарт во Салцбург во 2010 година. Оттогаш, Незе-Сегуин редовно диригира со оркестарот на концерти во Виена и Салцбург, како и на турнеја. Еден посебен белег беше Летниот ноќен концерт 2023 под негова палка.

Македонски





