
Почитувани, Факултетот за музичка уметност – Скопје има чест да ве покани на традиционалниот концерт на македонската Филхармонија „ЗВУКОТ НА ИДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА“, под диригентско водство на маестро проф. м-р Сашо Татарчевски, на кој, како солисти со оркестарот на Filharmonija ќе настапат и следниве студенти од Факултетот за музичка уметност – Скопје:
Давид Павиќ – пијано
Кристијан Колев – кларинет
Христијана Матеска – хармоника
Бојана Митковска – виолина
Михаил Јагуриноски – пијано
Итан Георгиев – контрабас
На 11.6.2026год. со почеток во 20:00 часот, во Концертната сала на НУ Филхармонија
Влезот е слободен

Македонски



