Skip to main content

Промоција на винилот „After Тhe Wildfire“ и концерт на Гордан Спасовски во предвечерието на Скопски џез фестивал

Во предвечерието на Скопски џез фестивал, во сабота, на 11 октомври, во „Аудиокултура“ во 19 часот ќе се одржи промоција на винилот „After The Wildfire“ и концерт на Гордан Спасовски.

„After the Wildfire“ е дело на Јан Бенг и Арве Хенриксен нарачано специјално за отворањето на 42. издание на Скопскиот џез фестивал во 2023. Тоа беше изведено со оркестарот на Институтот Фејмс, придружен од повеќе македонски солисти. Оркестратор и диригент беше Џијан Емин. На премиерниот настап беше претставена музиката која со лесностија лебди меѓу жанрови… со изразена иновација и креативност во самата основа, овие композиции се амбиентални, фолклорни, симфонични… Снимениот материјал се доработуваше во Норвешка а сега се појавува како издание на „Jazzland/Punkt editions“.

Гордан Спасовски ја добива наградата за Најдобар македонски џез музичар за изминатата година што ја доделува Скопскиот џез фестивал. Активен е како пијанист, композитор, аранжер и е дел од Националниот џез оркестар. Спасовски во Аудиокултура ќе настапи со своето трио, заедно со Виктор Филиповски на тапани и Кирил Туфекчиевски на бас.

Поврзани вести