
УМПАКИ Скопје, во рамките на проектот Moving Classics: Sonic Bridges (MCSB), финансиран од програмата „Креативна Европа“, објавува нов повик за композитори од нашата земја. Станува збор за платена резиденција на Исланд каде ќе бидат дел од креативен тим кој работи на нов краткометражен филм инспириран од невродивергентностаи искуствата на невродивергентност.
Резиденцијата и продукцијата на филмот се фокусираат на преиспитувањето на продуктивноста, природата на повторувањето и индивидуалните идентитети во пејзажот на Исланд.
На избраните учесници им следува хонорар од 5.000 евра, покриени патни трошоци и сместување, како и простор за уметничка продукција и создавање комплетен музички запис за филмот, во соработка со режисер и сценарист.
Заинтересираните треба да испратат креативен одговор кон визуелниот предлог/тема (можно е да се аплицира со текст, видео или аудио), опис на досегашно искуство и примери од претходни дела, биографија, мотивациско писмо.
Краен рок за поднесување на апликациите е 19 ноември 2025.
За аплицирање КЛИКНИ ТУКА
Проектот Moving Classics: Sonic Bridges (MCSB) е креативно инспириран од темата на Скопје 2028: „Култура над разновидноста“ и преку лични сведоштва, оригинална музика и аудиовизуелни/филмски инсталации, ги спојува писателите, музичарите и филамџиите за да ја истражуваат современата европска идентитетска динамика.
Делата ќе бидат презентирани на партнери, фестивали и во интернационална мрежа. Партнерска организација од нашата земја е Унијата на македонски професионални организации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје.