Skip to main content

Осум концерти и гости од Хрватска, Америка, Италија и Виетнам во Скопје од 8 до 12 септември

Издавачката куќа Мртов Коњ објавува голема програма на настани следнава недела. Од 08.09 до 12.09 ќе се оддржат осум концерти од кои еден во радио и една работилница. Ќе има гости од Хрватска, Америка, Италија и Виетнам.

На почеток на неделата, Стражар (Мартин Џорлев) ќе оддржи целовечерен настан/концерт во Канал 103 за Денот на независноста, да се обележи со сиров поход со почеток од 20:00

На 09.09 во Паб Ѕе од 21:00 часот настапуваат хрватското гараж-панк трио Dad Joke со локална поддршка Кајзер Созе, додека пак на 10.09 во Буква од 19:00 е најавен настанот Sound Escapes на кој ќе има работилница за теремин и концерт на Александар Ордев и Improof.

На 11.09 Ташмагандаз (Јордан Костов, Там Пхам, Никола Коџабашија, Ник Де Карло, Марко Печеновиќ и Александар Галевски) ќе го освојат Кино Фросина во МКЦ со својата воинствена експериментација.

За крај, највозбудливиот настан од оваа недела е на 12.09 во КИЦ каде настапуваат Passepartuot Duo (Италија/Америка) кои од формирањето до денес се на непрекината турнеја, посетувајќи ги едни од најзначајните уметнички резиденции низ целиот свет. Во 2021 тие го дизајнираат првиот електромагнетен синтисајзер Chromaplane, за чија креација го освоија првото место на Guthman Musical Instrument Competition во 2025. Заедно со нив настапуваат и нашите Алембик.

Билетите за Тамшамагандаз во МКЦ и Passepartuot Duo + Алембик во КИЦ можат да се набават на mktickets.mk

Поврзани вести