
Британскиот крал ги сподели своите омилени музички хитови во радио емисија наречена „Кралска музичка соба“ (The Royal Music Room), која ја сними во неговата канцеларија во Бакингемската палата, пренесува Би-би-си.
Емисијата го добила името по една од собите во кралската резиденција, каде што принцот Чарлс бил крстен како бебе во 1948 година.
Плејлистата на кралот вклучуваше музички жанрови од реге и афробит до современи поп хитови, меѓу омилените пејачи на кралот се Боб Марли, Кајли Миног, Грејс Џонс и нигериско-американскиот кантавтор Дејвид.
Најавувајќи го еднократното шоу, за кое Епл мјузик (Apple Music) вели дека открива и дека Чарлс е обожавател на „пејачите од 1930-тите“, кралот рече дека во текот на неговиот живот „музиката му значела многу“.