
Националниот џез оркестар на 14 декември во 11 часот во Македонска филхамронија ќе одржи новогодишен детски концерт „Светот на Биби“.
Со доаѓањето на најубавиот период од годината, Националниот џез оркестар ве носи во еден музички свет полн со радост и магија – „Светот на Биби“! Под водство на диригентот Џијан Емин, оркестарот ќе ја изведе музиката од омилената македонска детска серија „Биби и Боби“, создавајќи празнична атмосфера која ќе ги воодушеви најмалите, а ќе ги развесели и возрасните, велат од НЏО.

Македонски






