Skip to main content

Најемотивните стихови испеани од ДНК: „Зошто е темно без тебе, кажи зошто е. Помислувам на се што имавме, а не сочувавме“

Во текот на дваесетина години колку што траеше јивната заедничка музичка приказна, Панчо и Андреј, познати како ДНК, содадоа песни коишто станаа вистински евергрини меѓу македонската публика.

Многу од нив засекогаш ќе останат препознатливи по емотивните стихови, коишто допираа директно во срцата на многумина.

Андреј трагично го загуби животот во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, додека Панчо, се уште се бори за живот.

Во нивна, но и и во чест на сите членови на бендот коишто трагична загинаа во пожарот и со желба Панчо да надвладее над повредите, споделуваме дел од најемотивните стихови на ДНК.

„Ако утре ме нема“

Ако утре ме нема, еј
Немој да ме жалите
Дигни глава нагоре
Испиј чаша за мене
Ако утре ме нема, не
Ако утре ме нема, еј
Немој да ме жалите
Викни ги другарите, стари песни свирете
И нека свират трубите
Ако утре ме нема.

„Најмила“

Најмила, без тебе денот не започнувa
Најмила, мое сонце, ѕвезда и месечина
Најмила, за мене ти си незаменлива
Една и единствена.

„Посреќна“

И рајот ми е пекол ако каже некој
Дека посреќна без мене си
Посреќна без мене си
Излажи го ти секој, само мене немој
Дека посреќна без мене си
Излажи се за момент ти.

„Север и југ“

Зошто е темно без тебе, кажи зошто е
Помислувам на сѐ што имавме, а не сочувавме
Се прашувам и барам одговор, а не знам каде е
Велат време лечи сѐ, но не е така тебе не.

„Стојам сам“

Стојам сам, стојам сам
И сега признавам
Дишам само кога јас те допирам

„Амајлија“

Во едно тажно време
Животот те носи тебе
Ми дојде како ветер
Насмевка чиста ко дете.

„Што сака нека биде“

Кажи ми како без тебе да бидам,
Кога ми требаш, кога ми требаш.
Само со тебе можам да имам сѐ.

Поврзани вести