
Во рамките на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој викендов се одржува на Рудина, Долнени ќе настапат околу 300 изведувачи на народните инструменти и песни.
Во ликовниот салон од Прилепскиот центар за култура „Марко Цепенков“ се востанови Ден на гајдата и се одржа Симпозиумот на кој беше промовиран зборникот на научни трудови „Фолклорот во минатото и денес“.
Многу е значајно што гајдата како изворен инструмент и нејзиното правење се најдоа на листата на УНЕСКО како заштитено културно нематеријално богатство. Фестивалот кој ги негува и ги зачувува изворните традиции има посебен пиетет спрема гајдата: го носи името на светскиот гајдаџија Пеце Атанасовски, се одржува во Долнени, лулката на гајдаџиството и како главна награда ја доделува Гајдата на Пеце за најдобриот гајдаџија.