
Атанас Петров го објави сингл „Манири“, композиција која носи освежувачки ритам и современ поп звук. По емотивната балада „У теби чувам све“ и првата авторска песна „Сад ме молиш“, „Манири“ ја заокружува неговата досегашна дискографија со динамика и продукциска зрелост.
Песната е резултат на соработка со проверен тим. Музиката и текстот се дело на Емел Франца и Демир Исиќ, додека аранжманот го потпишуваат Кристијан Јовановиќ и Срки Бои. Видеото, снимено на урбаните локации во Атина, носи визуелна енергија која совршено кореспондира со атмосферата на песната, под режисерска палка на Алекс Тасевски. Како и претходните два сингла и овој проект е реализиран во креативна симбиоза со Емел Франца, со кого Атанас гради уметнички континуитет.
Сакам музиката да биде моја трајна определба, моја мисија и љубов што ќе ја делам со публиката. Верувам во процесот, во Бог и во тоа дека трудот секогаш се исплати. ‘Манири’ е само нов почеток на една поголема приказна што допрва ја пишуваме“, вели Петров.
Со „Манири“, тој ја најавува следната фаза од својата кариера, амбициозна, професионална и полна со потенцијал.