Skip to main content

Македонскиот оркестар FAME’S настапи на спектакуларната најава за првиот Дизниленд на Блискиот Исток

фото: Фејмс/ ©Miral Disney elements ©Disney

Македонскиот оркестар, дел од проектот FAME’S, настапи на гламурозната свеченост по повод официјалната најава за изградба на првиот Дизни тематски парк на Блискиот Исток, кој ќе се наоѓа на островот Јас, Абу Даби.

фото: Фејмс/ ©Miral Disney elements ©Disney

Настанот, организиран од страна на The Walt Disney Company и Miral, привлече големо внимание и бројни ѕвезди од светскиот шоу-бизнис. Меѓу присутните беа Тајрис Гибсон, Наоми Кембел, Ед Вествик и други познати личности.

фото: Фејмс/ ©Miral Disney elements ©Disney

Публиката беше сведок на импресивно шоу, кое вклучуваше координирана претстава со 7.000 дронови, огномет и настап во живо на FAME’S оркестарот.

фото: Фејмс/ ©Miral Disney elements ©Disney

Музичката програма беше подготвена и диригирана од Стив Сидвел, а на сцената настапија и Ланг Ланг, заедно со пејачите Кери Елис, Соња Балсара и емирскиот уметник Рашед Алнуими.

фото: Фејмс/ ©Miral Disney elements ©Disney

Македонските музичари беа рамноправен дел од оваа високобуџетна продукција, поставена на највисоко светско ниво.

фото: Фејмс/ ©Miral Disney elements ©Disney

Настапот на настанот за Дизниленд Абу Даби беше момент што нема да го заборавиме. Честа да бидеме дел од ваков глобален спектакл значи многу – не само за нас како оркестар, туку и за Македонија. Нашите музичари уште еднаш покажаа врвна професионалност и страст.“ – изјави Од Насју Мапа, основачка на FAME’S.

Церемонијата ја означи официјалната најава за изградба на седмата Disney тематска дестинација во светот и прва во регионот на Блискиот Исток. Паркот ќе биде изграден и управуван од Miral, со креативен надзор и оперативна поддршка од Disney.

Оркестарот на FAME’S, основан во Скопје во 2007 година, е реномиран оркестар специјализиран за снимање музика за филмска и телевизиска продукција, видеоигри, класична и поп музика. Со над 4.000 реализирани проекти, FAME’S се наметна како водечки избор за оркестарски снимања во Европа и пошироко.

Настанот уште еднаш потврди дека македонските уметници се препознаени и ценети на светската културна и продукциска сцена.

FAME’S Project е продукциска компанија специјализирана за снимање оркестрална музика за филмската, телевизиската и гејминг индустријата. Основана во 2007 година, компанијата веќе 17 години има значајновлијание во глобалната оркестрална продукција, со над 4.000 реализирани проекти во соработка со композитори и продуцентски куќи од Европа, САД, Јужна Америка, Индија и Азија.

Во 2017 година, како резултат на зголемената побарувачка и развој, FAME’S го отвори својот оркестрален студио-комплекс од 2.000 м² во Скопје, Македонија. Студиото е опремено со врвна техника и акустика, дизајнирани во соработка со француски акустични инженери и македонски архитекти, и претставува една од ретките вакви капацитети во Европа.

Покрај продукциската дејност, FAME’S активно ги поддржува младите класични музичари од Европа и се залага за развој на музичката сцена и ангажирање на разновидна публика.

Disneyland Абу Даби ќе биде првиот Disney тематски парк во Блискиот Исток и седмиот во светот. Проектот е заеднички потфат на The Walt Disney Company и Miral, водечкиот креатор на дестинации и искуства во Абу Даби. Паркот ќе биде лоциран на познатиот остров Јас (Yas Island) — туристичка локација која е дом на некои од најпознатите забавни и спортски атракции во регионот.

Со креативен развој и оперативен надзор од страна на Disney, Disneyland Абу Даби ќе понуди незаборавни авантури, приказни и доживувања инспирирани од легендарните Disney франшизи. Планираниот резорт ќе вклучува тематски зони, хотели, спектакуларни паради, интерактивни искуства и иновативни технологии во служба на забавата.

Официјалната најава за изградбата беше одбележана со гламурозен спектакл на отворено со 7.000 дронови, огномет и настапи на светски познати уметници, со што Disney уште еднаш го потврди својот статус како глобален лидер во индустријата на забава и магија.

Поврзани вести