
По успешни настапи во Дубаи, Мускат, Тулум, Санторини, Букурешт, Абу Даби и други светски дестинации, Cafe De Anatolia за првпат го претставува својот концепт Experience во Македонија, и тоа токму во Виница, на 19 јули, оваа сабота – градот од каде што потекнува.
Иако со години организира настани ширум светот, ова е првпат серијата Experience да се одржи во родната земја на основачите, на локацијата Sliv Elite Events, која дополнително ја збогатува атмосферата на овој ексклузивен концепт.
Настанот нуди холистичко доживување со музика, уметност, гастрономија и вино – DJ сетови од домашни и странски артисти, boho атмосфера со танчари и face painters, уметнички настапи и ексклузивна дегустација на вината by Cafe De Anatolia.
Програмата започнува во 15:00 и продолжува до 01:00 со After Party.
Малкумина знаат дека зад Cafe De Anatolia стојат македонски основачи – фамилијата Илиеви: Зоран Илиев (Billy Esteban) – татко, Моника Илиева (Monika Ilieva) – ќерка, Никола Илиев (Nickarth / Rialians On Earth) – син
Моментално, Billy Esteban и Rialians On Earth се најслушаните македонски артисти во светот, во сите музички жанрови, според слушаноста на Spotify – со над 200.000 месечни слушатели секој.
Со над 5.000 артисти во својата мрежа, појава на Times Square и номинација за Beatport Hype Label of the Year во Ибица, Cafe De Anatolia е признат како лидер на глобалната organic house сцена, со над 10.000 издадени траки и признание од Forbes и Entrepreneur како основачи на жанрот, кој моментално е тренд и има огромно влијание врз светската култура, музика, мода, филм и уметност.