Skip to main content

Италијанката Ивана Мариа Олива го отвора 18. издание на Фестивалот на современа музика- МОДОАРС 2025

Со концертот на гитара на Ивана Мариа Олива од Италија, започнува 18-тото издание на Фестивалот за современа музика Модоарс.

Концертот ќе се одржи на 24 мај, 2025 со почеток во 20ч. во Музејот на македонската борба во Скопје, а влезот за концертот е слободен.

Фестивалот МОДОАРС 2025 го започнува своето издание со уметник од висок ранг, со концерт кој не смее да се пропушти.

Во продолжение на фествалот следуваат концерти на Синциа Бартоли – пијано од Италија и на младиот пијанист Леонид Петрески.

Ивана Мариа Олива е позната гитаристка која свои концерти одржала во Италија, САД, Франција, Германија, Мароко, Тајланд, Данска, Словенија. Изучувала гитара од најрана возраст, а со високи почести дипломирала на прочуениот факултет за музика „Џ. Пасиељо“ во Таранто, Италија. Во 1984 година специјализирала за таблатура на Вихуела (Кордофон од 1500) кај М° Г. Балестра, а потоа продолжила да го продлабочува проучувањето на таблатурата со М° М. Лонарди. Исто така, соработувала со вокалната и инструменталната група „Musica Antiqua“ за обновување на италијанскиот популарен репертоар од 500/600.

Континуираните часови со М° О. Гилија во „Incontri Chitarristici“ во Гарњано и „Accademia Chigiana“ во Сиена биле многу важни во нејзиното обучување. Студирала и со: М. Баруеко, А. Дијаз, А. Понсе, Ј. Бреам. Настапува и како солист и во разни камерни ансамбли, од дуо до трио i разни ансамбли во разни музички меѓународни асоцијации. Го снимила ЦД-то „AA.VV“ во трио со кларинет и флејта.

Поканета е на бројни меѓународни фестивали за гитара, и како солист и како дуо и како комесар во жиријата на престижни меѓународни натпревари.

Таа е уметнички директор на Меѓународниот фестивал за гитара „Città dello Jonio“ и Меѓународната концертни серии „Apulia“, исто така е претседател на здружението „Guitar Artium“. Го основала оркестарот „Andrés Segovia“ составен од млади музичари, за кој аранжира и транскрибира бројни дела.Пишува и аранжира за издаваштвото SINFONICA.

Предавала за важни државни здруженија: била стажант во „Џ. Паизиело“ за квалификација на натпреварувачките класи по музички инструменти и музичко образование, а потоа и тутор за активната обука на Конзерваториумот „Н. Пичини“ во Бари. Моментално е професор по гитара во државното училиште во Таранто.