Skip to main content
Uno0CnGjY9E

Филип Александровски испеа песна направена од Димитар Андоновски и Ена Цветкоска

На македонската музичка естрада секогаш има место за нови и млади музички имиња, a тоа oсобено е потребно последниве неколку години. Ново лице кое со сигурност ќе го гледате и слушате во иднина е младиот и талентиран пејач Филип Александровски, кој денеска ја објави својата прва песна со наслов „Заблуда”.

Без разлика што е млад и допрва почнува да чекори на нашата музичка сцена, за тоа на кого да ја довери својата прва песна, воопшто не погрешил. Имено, Филип го избра неговиот колега – Димитар Андоновски, кој ја направи музиката и аранжманот, додека текстот е на извонредната Магдалена Ена Цветкоска.

Дека е задоволен од финалниот производ, Филип имаше само пофални зборови за авторите на песната.

Соработката со Димитар и Магдалена на мојата прва песна беше исклучително важна за мене. Нивната професионалност и креативност беа клучни за создавање на ваков уникатен музички проект. Заедно со спонтаност и инспирација, ја создадовме песната која веќе предизвика позитивни реакции. Во иднина, планираме да продолжиме со соработка, развивајќи нови музички идеи и проекти кои ќе ги изненадат моите слушатели. Нашата цел е да создаваме македонска музика која ќе допре до срцата на луѓето, вели младиот Филип.

„Заблуда” доби и видеоспот, на кој како режисер се потпишува Алек Тасевски од „Либеро бенд”.

Филип најавува дека ќе продолжи да работи во иднина со поинтезивно темпо, а тоа значи нови песни, нови спотови…

Поврзани вести