Skip to main content

Фанк Шуи одбележува 16 години од формирањето

На денешен ден, 20 февруари 2010 година, во Скопје е формиран бендот Funk Shui, кој 16 години подоцна се вбројува меѓу препознатливите имиња на современата македонска и регионална музичка сцена.

Funk Shui започнува како авторски проект што со текот на времето прераснува во стабилен музички состав. Нивниот деби-албум „Aether“ беше објавен во 2012 година, по што следуваше „R.E.M.“ во 2015 година и ЕП-то „Импулс“ во 2018 година.

Во 2023 година бендот го објави третиот студиски албум „Никогаш Пак“, кој ги вклучува сингловите „Ветер“, „Не Време“ и „Крик“. Албумот беше проследен со промотивни активности и две распродадени концертни вечери во Скопје.

Во изминатите години Funk Shui настапуваа на повеќе меѓународни музички фестивали и конференции, меѓу кои Eurosonic ESNS, MENT Ljubljana, Mondo.NYC, Athens Music Week, PIN Music Conference и Liverpool Sound City. Синглот „Метеори“ беше прогласен за „Сингл на годината 2020“ според публиката на порталот Balkanrock.

Бендот е номиниран за HEMI Music Awards во 2021 и 2023 година, како и за INES Talents во 2021 и 2022 година. Зад себе имаат турнеи низ Велика Британија, Полска, Австрија, Германија, Холандија и повеќе балкански земји.

По одбележувањето на 16-годишнината, бендот продолжува со концертни активности и промоција на актуелниот материјал.

Поврзани вести