Skip to main content
5fQ-MCO8pZA

Драгана Јовановска ја објави новата песна – „Оди си”

„Оди си” е насловот на најновото музичко издание на младата и талентирана пејачка Драгана Јовановска, која полека, но сигурно го гради својот музички пат на македонската сцена.

„Оди си” беше вчера објавена на скоро сите музичките платформи, а веднаш потоа Драгана ја сподели и на социјалните мрежи.

Ако може да се суди по првите коментари, тогаш ќе заклучиме дека младата пејачка има одлична летна нумера.

Драго ми е што може да прочитам позитивни коментари. Можеби оваа песна до сега ми е фаворит, иако и претходните си имаат свој печат и квалитет, нормално. Оваа ми беше љубов при првото пеење и смислување на рефренот. Оваа песна е моја прва соработка со Иван и мислам дека супер се вклопивме и се разбравме што сакаме да направиме. За текстот беше задолжен Таско, кој својата работа ја заврши фантастично. Задоволна сум од тоа каков пакет направивме и се надевам дека публиката ќе ужива во новата песна и видеозапис за истата, вели младата пејачка.

Инаку Драгана како и за претходните песни „Случајно”, „Гламур”, „Камиказа”, така и за најноватa сними одличен видеоспот со тимот на „Урбан Рекордс”.

Поврзани вести