Skip to main content

Концертите на Здравко Чолиќ закажани за јуни!

Принтскрин

Поради трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што животите ги загубија 59 лица, закажаните концерти на Здравко Чолиќ (18, 19 и 21 март) беа одложени.
Сега пак се закажани нови термини и тоа на 2, 3 и 4 јуни и сите ќе се одржат во арената „Борис Трајковски“.

Легендарниот Здравко Чолиќ по шест години се враќа во Скопје и тоа за прв пат со симфониски оркестар на 2, 3 и 4 јуни 2025, во Арена Борис Трајковски!

Една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња на нашите простори, пристигнува со дури 50 врвни музичари, новосадскиот Биг бенд и оперскиот оркестар на СНП од Нови Сад. Со оваа ексклузивната концертна програма која во рекордно време ги распродаде арените ширум регионот, конечно и македонската публика има можност да ужива во специјално избраниот репертоар и исклучителните аранжмани на диригентот Федор Вртачник.
Поради форматот на овој концерт, арената „Борис Трајковски“ ќе биде исполнета исклучиво со места за седење, а тоа значи намален максимален капацитет и апел повеќе за публиката навреме да ги обезбеди своите влезници.
Легендарниот Здравко Чолиќ по шест години се враќа ексклузивно во Скопје, за прв пат со симфониски оркестар и несомнено со најпопуларниот концерт за 2025 година!
Важно: Првите дваконцертисе распродадени а како што навести организаторот за третиот (4 јуни) биле останати уште околу 500 влезници.

Поврзани вести