Skip to main content

Јас и ти ко едно тело: Ана Костадиновска неутешна по смртта на нејзините колеги

фото: фејсбук

Ана Костадиновска, придружниот вокал на „ДНК“ и професорка во средното музичко училиште е во стабилна состојба и на домашно лекување по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

По смртта на повеќето нејзини колеги за неа нема утеха.

Костадиновска вчера објави заедничка фотографија со загинатата Сара Пројковска под која напиша стих од еден од хит-рефрените на „ДНК“ (..јас и ти ко едно тело..), алудирајќи на нивната исклучителна поврзаност.

Денеска таа повторно се огласи на социјалните мрежи.

Овојпат го сподели писмото кое ѝ го испратиле нејзините ученици.

Вие сте мојата насмевка и сила. Ве сакам, деца мои“, им одговори таа.

Поврзани вести