
Продуцентот Томи Салковски рече дека филмот е нетипичен за домашната кинематографија, ги отвора проблемите и дека сакале да покажат како живееме, односно дека секојдневно премолчуваме некакви работи што се случуваат.
Посочи дека во програмата „Перспективи“ на годинешниот 76. Берлински филмски фестивал посебен акцент е ставен на дебитантните филмови, тоа секогаш е интенција на големите фестивали да ги поделат дебитантските филмови, да не се натпреваруваат со супер ѕвездите и со супер продукциите, и дека тоа е секогаш неблагодарно.
„Перспективи“ е дел од главната селекција, но само се поделени дебитантите како најперспективните нови таленти што ги претставува „Берлиналето“ дека доаѓаат на светот со интенција дека следните години ќе влезат во натпреваруваат за наградата „Златна мечка“, односно во најглавната програма. Ова за сите нас, за цела Македонија, е преголем успех. Многу сме среќни. Ова е голем успех за филмот, за продукцијата, за целата екипа, за Агенцијата за филм и за целата македонска култура и,генерално, за Македонија. Вчера бев изненаден кога слушнав дека има речиси 350 илјади аплицирани филмови и дека е супер рекорд на сите времиња на Берлиналето. И во сите 350 илјади аплицирани филмови нас први нè презентираа вчера на прес-конференција, што е дополнително задоволство. Тоа е многу голем успех за сите нас – додаде Салковски.

Македонски




