Skip to main content

Проекција на „Божиќното танго“ во Кинотека, филмот е дел од проектот „Ајде да се запознаеме“, организирана од Амбасадата на Грција

Амбасадата на Грција во Скопје организира проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис (2011, 2.22′). Проекцијата ќе се одржи во Кинотеката на Македонија (ул. Никола Русински, бр. 1, Скопје), во петок, 6 декември 2024 година, во 19:00 часот.

Влезот е бесплатен.

6 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК) 19:00 ч.
БОЖИЌНО ТАНГО
(The Christmas Tango/To tango ton Hristougennon)
Игран филм, Грција,
2011, 102 мин., колор, ДЦП
Режисер: Никос Кутелидакис (Nikos Koutelidakis)
Сценарио: Вагелис Насис, Јанис Ксантулис (Vagelis Nassis, Giannis Xanthoulis)
Улоги: Јанис Безос, Јанис Станкоглу, Антиноос Албанис (Giannis Bezos, Giannis Stankoglou, Antinoos Albanis)
„Божиќното танго“ е дел од серијата филмски проекции насловена „Ајде да се
запознаеме“, организирана од Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Грција во Скопје, со цел да се прикажат современи грчки филмови кои што беа многу сакани не само од публиката во Грција, но и во странство.
Базиран на најпродаваниот роман на Јанис Ксантулис, „Божиќното танго“ е романтична драма која се одвива за време на подготовките за Божиќниот бал во еден грчки воен камп во градот Еврос, во 1970-тите години. Поручникот Стефанос Караманидес е еден строг војник кој има само една желба – да ја покани на танц својата тајна љубов, Зои, сопругата на полковникот Манолис Лонгос. За остварување на таа цел, Стефанос Караманидес ќе побара помош од еден млад, срамежлив и чувствителен војник, од Лазарос, да му одржи часови по танго. Нивната кратка, но пресудна средба ќе биде поттик за низа настани кои ќе кулминираат со танго… Божиќното танго, еден ден кој ќе ги промени засекогаш животите на тројцата главни ликови. Филмот постигна голем успех на кино благајните и доби три награди од Грчката филмска академија.
Возрасна категорија: 12 години
Влезот е бесплатен

Поврзани вести