Skip to main content

„Приказната за Силјан“ во февруари во Кинотека

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ по сценарио и режија на Тамара Котевска во февруари ќе биде прикажуван во Кинотека. Влезниците чинат 150 денари.

Проекциите се закажани од 2 до 7 февраури, во 18 и во 20 часот и потоа од 12 до 14 февруари.

Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Никола, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.

Поврзани вести