
Веста дека познатиот актер Ричард Чембрлен починал на 90-годишна возраст поради последици од мозочен удар се прошири низ планетата. Овој уметник зад себе остави не само улоги по кои засекогаш ќе остане запаметен, туку и необична животна приказна.
Ричард Чембрлен е роден на 31 март 1934 година во Лос Анџелес и израснал во Беверли Хилс, град чие име е синоним за изобилство. За волја на вистината, Чембрленовите не биле богати, но уживале финансиска сигурност. Она што му недостигаше на ова семејство беше емоционалната сигурност. Таткото на Ричард бил алкохоличар и психички ги малтретирал сопругата и двата сина. Во своите мемоари, Ричард опишал постојано чувство на несоодветност и неможност да ги исполни очекувањата.