Skip to main content

Објавен трејлерот за „Ѓаволот носи Прада 2“

Принтскрин од видео од јутјуб

Дваесет години откако филмот „Ѓаволот носи Прада“ стана култен хит, Мерил Стрип и Ен Хатавеј се враќаат во немилосрдниот свет на високата мода, моќта и канцелариските интриги. 20th Century Studios го објави новиот трејлер за „Ѓаволот носи Прада 2“, кој нуди подетален поглед во продолжението чија премиера е закажана за 1 мај 2026 година, пренесува Variety.

Во новиот филм, приказната повторно ја следи Миранда Пристли (Мерил Стрип), главната уредничка на списанието Runway, која се соочува со падот на печатените медиуми и се обидува да го пронајде своето место во индустрија што полека згаснува.

Миранда влегува во директен судир со Емили (Емили Блант) – нејзината поранешна асистентка, која во меѓувреме станала моќна извршна директорка на луксузна модна групација, а токму нејзините рекламни буџети се клучни за опстанокот на Runway.

Улогите во во продолжението ги повторуваат: Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант, Стенли Тучи, Трејси Томс и Тибор Фелдман

Нови членови на актерската екипа се Кенет Брана и Патрик Брамал, кои ќе ги толкуваат партнерите на ликовите на Стрип и Хатавеј.

Режисерот Дејвид Франкел и сценаристката Алин Брош Мекена се враќаат и за вториот дел, заедно со продуцентката Венди Финерман.

Поврзани вести