Skip to main content

„Објаснување на се“ – филм за младоста, љубовта и политиката во современа Унгарија денеска во Кинотека

7 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

OБЈАСНУВАЊЕ ЗА СĖ

(Magyarázat mindenre/Explanation for Everything)

Игран филм, Унгарија, Словачка

2024, 151 мин., колор, ДЦП

Режисер: Габор Реиш (Gábor Reisz)

ОБЈАСНУВАЊЕ НА СÈ – филм за младоста, љубовта и политиката во современа Унгариј

„Објаснување на сè“ (оригинален наслов Magyarázat mindenre) – храбра, емотивна и интелигентно напишана унгарска драма во режија на Габор Раис која преку личната приказна на еден средношколец отвора прашања кои одекнуваат далеку надвор од училишниот двор.

„Објаснување на сè“ е комплексен но суптилен портрет на една генерација која расте во општество во кое сè мора да се објасни – љубовта, изборите, уверувањата, молкот. Режисерот Габор Раис создава автентична и реалистична слика за младоста во Унгарија денес каде приватниот живот неминовно се преплетува со политичката клима и социјалните очекувања.

Филмот ја истакнува моќта на младите гласови и нивната борба за идентитет во свет што премногу брзо суди и категоризира. Во улогата на Абел блеска Гашпар Адони-Валш, поддржан од искусниот Иштван Знаменак и други истакнати актери од унгарската

Ова не е филм што нуди лесни одговори. Ова е приказна што ја отвора секоја дилема што младите ја носат со себе.

Поврзани вести